Започнува исплатата на Мој ДДВ, 6.1 милион евра завршуваат назад кај граѓаните

Владата предводена од СДСМ продолжува со економските политики со кои повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, назад кај секое семејство.

Започнува повратот на дел од наплатениот ДДВ за последниот квартал од 2020 година

Кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра.

Ова значи дополнителен приход и истовремено зајакнување на домашната приватна потрошувачка.

Како одговорна партија продолжуваме со ефикасни економски полиитки што имаат за цел да обезбедат повеќе пари во секое домаќинство и да ја раздвижат економијата.

2021 година е година на рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР