Корегирана е техничката грешка во промотивното видео за Попова Шапка  

АД ЕСМ во денешното соопштение истакнуваат дека е корегирана техничката грешка во промотивното видео.Името тие истакнуваат:

Во однос на промотивното видео за Ски центарот Попова Шапка објавено на фб страната на Ски центарот, за кое имаше коментари во јавноста во врска со името на Попова Шапка, ја информираме јавноста дека станува збор за техника грешка која е веднаш исправена и на фб страната е постирано коригирано видео.

Техничкиот пропуст е произлезен од страна на службите на Елемтурс, кој стопанисува со центрите, а во чија организација беше изработката на промотивниот материјал.

Како АД ЕСМ, изразуваме жалење што идејата за промоција на природните убавини во зимската сезона на Попова Шапка добија политичка конотација во одредени кругови и се надеваме дека љубителите на снегот ќе ги искористат поволните временски услови за посета на нашите скијачки капацитети, како на Попова Шапка, така и на Пелистер.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР