Четворица прилепчани осомничени за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство од Прилеп почна истражна постапка против четири лица од Прилеп за кои постои основано сомневање дека набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. На сите четири лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

-Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки. По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата, соопшти денеска МВР.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР