Јапонска подморница се судри со брод во Тихиот Океан

Јапонска подморница е оштетена, а тројца членови на екипажот се полесно повредени во судир со приватен брод што се случил вчера во близина на брегот на Пацификот.

Подморница на јапонските воени сили се судри со брод крај брегот на префектурата Кочи во јужна Јапонија, изјави Катсунобу Като, генерален секретар на јапонската влада.

Тој ги пренесе тврдењата на крајбрежната стража дека бродот не е оштетен.

Властите ги испитуваат деталите за инцидентот, видот на бродот со кој што се судрила подморницата и државата во која е регистриран. Морнарицата објави дека членовите на екипажот се полесно повредени и дека подморницата е оштетена, но дека може да продолжи да плови.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР