Австриските фризерски салони се отворени откако владата делумно го олесни третото заклучување, но предуслов за нова фризура е негативен тест за коронавирус.
По месец и половина се отвориле продавниците, музеите и училиштата. Учениците мора да бидат тестирани двапати неделно, ако сакаат да присуствуваат на час. Се создадоа големи редици за продавниците и фризерските салони.
Зголемената побарувачка за тестирање е видлива на контролните пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот центар за тестирање во познатата палата Шенбрун вовела нови тест шалтери.
Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер рече: „Од една страна, чувствувам олеснување што повторно можам да работам, но во исто време пречка се задолжителните тестови, кои некои клиенти не ги прифаќаат добро “
Жалбите од фризерите за новите правила се појавија во австриските весници со посебен осврт на тешкотиите за тестирање во руралните области.
You must be logged in to post a comment Login