Бајден ќе бара оставки од обвинителите назначени од Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го започне процесот на транзиција за американските обвинители именувани од американскиот лидер и чие назначување е потврдено од Сенатот, објави „Фокс њуз“.

Според некои извештаи, Министерството за правда на САД ќе побара од повеќето обвинители назначени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да си дадат оставка.

Сепак, федералниот обвинител на државата Делавер, Дејвид Вајс, кој ги истражува деловните активности на синот на американскиот претседател Хантер Бајден, нема да биде сменет од функцијата.

Обвинителот од Конектикат, Џон Дарам, ќе остане на позицијата специјален обвинител кој го истражува потеклото на истрагата за поврзаноста меѓу Трамп и Русија, но најверојатно ќе биде побарано од него да си даде оставка од функцијата државен обвинител.

На 7 јануари, Бајден го назначи Мерик Гарланд за државен обвинител на САД. Државниот обвинител е одговорен за водење на Министерството за правда и истовремено координира голем број разузнавачки агенции, вклучувајќи го и Федералното биро за истраги (ФБИ).

Американскиот претседател во декември истакна дека нема да се меша во работата на Министерството за правда, истакнувајќи дека тоа „не е сопственост на претседателот, туку на народот“.

Процесот на промена на обвинителите ќе трае неколку недели.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР