Започна пријавувањето за спортист на годината во општина Битола

Битолскиот Сојуз на спортови објави повик за предлагање кандидати за избор на најдобите спортисти и екипи во Битола за 2020 година.

Согласно одлуката, сите битолски спортски клубови кои се членови на Сојузот на спортови, своите најдобри спортисти и екипи треба да ги пријават најдоцна до 20. февруари.

Сојузот на спортови на Битола ќе избира според долгогодишната традиција и оваа година ќе избира 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 10 најдобри млади спортисти на возраст до 18 години, три најуспешни екипи во сениорска и три најуспешни екипи во младинска конкуренција, потоа двајца професори по физичка култура, ветерани и клубови.

Рангирањето ќе се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Сојузот, а свеченото прогласување на најдобрите битолски спортисти ќе се одржи на 25. февруари

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР