Лукареска: Финансиска полиција ќе влезе во две фирми кои не ги пуштија инспекторите да извршат контрола

Директорката на Управата за јавни приходи рече дека контролите се направени по пријава на граѓани и врз основа на направена анализа на УЈП на фирми кои добиле помош, а не исплатиле плата.

Само една фирма која добила субвенции од државата за плата, а која не ги исполнила условите предвидени за нејзино добивање го вратила целиот износ на помошта, информира денеска на прес конференција директораката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Директорката соопшти дека во текот на декември и јануари се направени контроли во 60 компании од угостителската дејност градежништвотоо, трговијата на мало и туристички агенции копнен и ццевоводен птранспорт, хотели…кои добиле субвенции од државата за плати лани во месеците април, мај и јуни или октомври, ноември и декември, а не ја исплатиле платата на работниците.

Лукаревска рече дека контролите се направени по пријава на граѓани и врз основа на направена анализа на УЈП на фирми кои добиле помош, а не исплатиле плата.

– Кај 16 од нив е утврдено дека исполниле условот за финансиска поддршка бидејќи во месеците кога е користена помошта не бил намален приходот за 30 отсто. 7 фирми го намалиле бројот на бројот на вработени од законскиот во месеците, додека 2 фирми  не ги исполниле и двата услова за субвенции, бројот на вработени и намалување на приходот, а 2 фирми не дозволиле инспекторите да влезат во фирмите – информира Лукаревска.

Таа додаде дека само едена фирма ја вратил финансиската помош бидејќи не ги исполнил условите за нејзино добивање, а двајца други треба да ги вратат парите со камата.

– Сите прекршители на законот ќе бидат санкционирани, а за дел од нив веќе се дадени на натамошно постапување во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додека во две фирми чии работодавачи не соработуваа со инспекторите ќе влезе финансиската полиција – рече Лукареска.

Лукарвеска најави контроли на 11 фирми од текстилната и чевларската индустрија како и кај фирми кои се занимаваат со продажба на кондиторската производи кај кои има разлика во податоците во даночните пријави и завршните сметки. Кај нив, како што рече Лукаревска контролите ќе бидат извршени за 5 години наназад.

Директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска информира дека декември јануари е направена контрола кај 10 од текстилните фирми, а е извршен надзор на вкупно 74 кај правни субјекти. конторлите требале да утврдат дали се исплатени плати и дали се во согласност со законот за минимална плата.

– При извршените 74 надзори утврдено е дека 42 работодавач не има дале плати навреме на работниците иако добиле финансиска помош за тоа – информира Тренчевска.

Таа додаде дека контролните надзори утврдиле дека 10 работодавачи постапиле по препораките дадени од инспекторите, додека 6 работодавачи не постапиле по препораките и ќе бидат казнети.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР