Матурантите денеска во 16 часот ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев

Матурнатите денеска во 16 часот ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, изјави лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи.

Тој вели дека ќе побараат од премиерот поддршка за измена на законот за средно образование .

Бидејки нема друго решение за промена на концепцијата, оваа година ќе се полагаат четири предмети од државната матура, а не два како што бараат средношколците.

По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие,дел од матурантите организирани од Сојузот на средношколци се вратија на настава.

Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот и да почека парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за измени и дополнување на законот за средно образование.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР