УЕФА денеска носи нови правила за Лигата на шампионите

УЕФА на денешниот состанок со 55 национални федерации кои се нејзини членки, дава предлози за промена на форматот на Лигата на шампионите од 2024 година.

УЕФА се надева дека револуцијата во Лигата на шампионите, која ќе им гарантира на клубовите повеќе игри и приход, ќе ја отстрани опасноста од бегство на најбогатите и најсилните клубови во Супер лигата, ново, затворено натпреварување од елитата на најмоќните.

Новиот ЛШ формат ќе го зголеми бројот на учесници од 32 на 36. На секој клуб му се гарантираат најмалку десет натпревари против различни противници (досега минимумот бил шест натпревари против тројца противници) затоа што сегашниот начин на игра во осум групи ќе биде заменет.

Сепак, првопласираниот клуб не би бил европски шампион, туку би играл за титулата во нокаут-фаза. Првите осум клуба од лигата автоматски би се пласирале во неа, додека за преостанатите осум места во првата нокаут рунда би играле клубовите пласирани од 8 до 24 место. Ова радикално би го зголемило бројот на натпревари во Лигата на шампионите од сегашните 125 на дури 225 натпревари по сезона.

УЕФА ја воведува оваа промена со цел да ги задоволи и задржи моќните во Лигата на шампионите, а новиот формат ќе им гарантира место во ЛШ дури и ако не го постигнат пласманот во националните шампионати.

Имено, дури три клуба од најсилните европски лиги автоматски би се сместиле во ЛШ врз основа на нивниот коефициент во УЕФА. Конкретно, Ливерпул или Јувентус како што им е лоша оваа сезона бидејќи во Премиер лигата и Серија А, не би се грижеле дали ќе се пласираат во ЛШ следната сезона затоа што нивното место таму ќе биде загарантирано поради големите коефициенти.

Со редизајнот на Лигата на шампионите, секоја сезона таму може да се најдат дури шест клуба од најсилните национални лиги, а „Скај Спорт“ дознава дека УЕФА, во обид да го подигне ослабениот престиж и атрактивноста на француската лига, гарантира четири места за нив во новата Лига на шампиони.

Секако, сето ова значи дека УЕФА се бори против Суперлигата како затворен клуб на најсилните и најбогатите, со редизајн на Лигата на шампионите, што би било исто – затворена, ексклузивна лига.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР