Заев: Компаниите ќе можат да избираат помеѓу бескаматни кредити и субвенционирање на плати

Никогаш повеќе, ни пред ковидот, ни за време на ковидот, државата не помагала повеќе на граѓаните со директни буџетски средства.

Една милијарда и сто илијади евра е помошта која е исплатена само за време на ковидот, а директните исплати само за стопанството се преку 360 милиони евра заедно со платежни картички, наменети за сиромашните граѓани, рече Премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција.

„Нормално јас ја разбирам и колективната депресија, тешкото низ коешто поминуваме сите, така и македонските компании. Мене ми е јасна и реакцијата кога доаѓаат ваквите критики. Се учиме од нив, се трудиме да ги подобриме и ќе продололжиме да работиме токму во тој правец, но кога и да прашате, било која компанија, може да ви каже дека никогаш повеќе, порано не се помагало, како што сега тоа се прави“, вели Заев.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР