Предвремени извори нема да има затоа што за тоа нема потреба, изјави премиерот Зоран Заев по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дека од Месчеината се гледаат две работи: Кинескиот ѕид и предвремените парламентарни избори.
Не знам кој космонаут гледа од Месечина, ама предвремени избори нема да има – рече Заев.
Тој потенцираше дека е добро за сите важни прашања да има консензус меѓу партиите, но дека пописот е неопходен.
Кај нас 20 години немаше попис. Ниту владата, ниту градоначалниците, ниту фирмите располагаат со податоците кои им се потребни.
Пописот ќе се спроведе од 1 април до 21 април.
Во лето никој никаде не прави попис. Во септември веќе се подготовките за локалните избори, а во октомври и ќе се одржат локалните избори – рече Заев.
You must be logged in to post a comment Login