И Џорџија почнува истрага против Трамп

Обвинителството на округот Фултон почна истрага за обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати во американската држава Џорџија, вклучително и телефонски повик до државниот секретар Бред Рафенспергер во кој тој го притиска да „најде” доволно гласови за да му помогне да направи пресврт поради поразот.

Фани Вилис, неодамна избран обвинител во округот Фултон од Демократската партија, испрати писмо до бројни функционери, вклучувајќи го и Рафенспергер, барајќи од нив да ги чуваат документите поврзани со телефонскиот повик на Трамп.

Тоа е еден од најмалку три телефонски разговори кои биле извршени за еден месец од почетокот на декември до почетокот на јануари, а во кои Трамп барал помош од високи функционери на Џорџија во обид да го смени исходот од изборите.

Истрагата во Џорџија е втора со која се соочува Трамп по истрагата почната во Њујорк.

Трамп загуби од Бајден во Џорџија со 11.779 гласа.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР