Невреме во Словенија

Висока морска плима и силен јужен ветер предизвикаа прелевање на морето на бреговите во крајбрежните градови во Словенија. Голем број улици на приморјето се поплавени.

Зголемено е и нивото на реките во западна и централна Словенија, а некои се излеаја од коритата.

Снег сè уште паѓа во Крањска гора и делови од Горењска, а Агенцијата за управување со вонредни состојби предупредува на одрони и лавини во планинските предели.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР