Прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан за повеќето Французи е неважно, но сметаат дека за Унијата би донело геополитички придобивки

Истражување на јавното мислење во Франција за членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан

Со поддршка од Институтот за европски политики при Отвореното општество изработена е анализа на истражувањето за јавното мислење во Франција врзано со членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан чии автори се Кристине Хубнер, Јан Ајхорн, Лук Молтхоф како и d|part – Тинк-тенк за политичко учество.

Овој извештај нуди сеопфатен увид во гледиштата на Французите за тоа дали или не земјите од Западен Балкан треба да се приклучат на ЕУ. Извештајот нуди неколку најважни заклучоци: 1. Иако повеќето Французи се против проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, сепак тие прашањето не го сметаат за важно 2.

Испитаниците сметаат дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ би донела геополитички предности 3. Проширување на ЕУ со земјите Западен Балкан не би имало значајно влијание врз внатрешната политика и врз изборниот процес во Франција 4. Ставовите за проширувањето на ЕУ со земјите Западен Балкан повеќе ги одразуваат генералните гледишта за ЕУ отколку конкретните грижи за земјите од Западен Балкан.

Подетално појаснување на најважните заклучоци можете да најдете во документот од една страница кој го доставуваме во прилог на соопштението.

Целосната анализа која ги вклучува сите детали и информации врзани со јавното мислење во Франција за пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ можете да ја преземете на следниот линк: https://bit.ly/3rbhFpq.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР