Регионалните и департманските избори во Франција ќе се одржат на 13 и 20 јуни

Националното собрание едногласно го усвои нацрт-законот за одложување на изборите закажани за 13 и 20 јуни, кои првично требаше да се одржат во март. Пратениците  и сенаторите ќе се состанат во четврток за да се обидат да постигнат договор.

-Уредбата за свикување на изборите ќе биде донесена веднаш штом ќе се објави законот и овој декрет ќе предложи да се организираат изборите на 13 и 20 јуни, рече делегираната министерка одговорна за Граѓанското општество.

Претходно, пратениците дадоа зелено светло при првото читање на овој нацрт-закон за одложување во јуни, поради епидемијата на коронавирусот и веќе потврден од Сенатот. За нацрт-законот гласаа  139  пратеници „за” и 7 воздржани, меѓу кои и оние на Бунтовна кои изразија сомневање за можноста за водење на кампања под вонредна состојба поради здравствената ситуација.  

Одложувањето на овие избори беше препорачано во извештајот на Жан-Луис Дебре  поранешниот претседател на Уставниот совет, предаден на 13 ноември, кој смета дека тоа е „разумна опција” од здравствени, правни и политички причини. Владиниот извештај до Парламентот „за состојбата со епидемијата Ковид-19 и за здравствените ризици поврзани со одржувањето на изборите и изборната кампања што му претходи” е закажан најдоцна за 1 април.

Марлен Скиапа истакна дека само закон може да предвиди можно ново одложување на изборите. „Владата прави сè” за да ги одржи изборите во јуни, инсистираше таа, додека неколку опозициски пратеници ги изразија своите сомнежи за намерите на извршната власт. „Ќе бидеме будни” затоа што „јуни е датум од кој нема враќање” заради претседателската кампања и парламентарните избори во 2022, изјави Пол Молак (слободи и територии), мислење кое го делат повеќе пратеници од левицата и десницата.  

За да се олесни користењето на правото на глас, секој избирач може да има две полномошна, наспроти едно вообичаено. Ова олеснување беше искористен за одложениот втор круг на општинските избори минатиот јуни и Марлен Скиапа повторно ја поддржа оваа можност со оглед на тоа што е „строго ограничена” на изборите во јуни. Текстот предвидува и продолжување на времетраењето на официјалната кампања на 19 дена, наместо на 12, пред првиот круг, со цел да се олесни пристапот на гласачите до изборната пропаганда.

Пратениците, исто така, одобрија воспоставување на бесплатен телефонски број, на иницијатива на кандидатите, за да им се овозможи на гласачите да се запознаат за нивните програми. За да се добие на време за дебата, нема да има „клипови за кампањи” на радио и телевизиските канали на јавниот сервис, спротивно на она што го посакуваше Сенатот.

Пратениците и сенаторите ќе се состанат во четврток за да се обидат да постигнат договор за овој текст, кој мора да се донесе набрзо.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР