По прес конференцијата на ОК ВМРО – ДПМНЕ Битола, а во врска со образовните процеси и реформи со реакција се огласи и Општинската Организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на Битола.
Од ОО СДСМ Битола истакнуваат:
Време е ВМРО – ДПМНЕ да се обиде да остане доследен на ставовите, да се слуша што зборува и да биде не биде контрадикторен. И самите велите дека последните месеци постојано слушате за реформите во образованието, а истовремено истите ги оквалификувате како избрзани.
Не може да се избрзани кога за истите секојдневно се дебатира, а пред два дена имаше и јавна расправа во Собранието на РСМ.
Тоа секако не беше пракса на ДПМНЕ при донесувањето на најрадикалната образовна реформа во историјата на македонското образование – воведувањето на Кембриџ програмата.
Што се однесува на девалвирањето на професијата учител, фактите го говорат спротивното :
ВМРО – ДПМНЕ обезбеди покачување на платите во образованието за само 850 денари во седум години. СДСМ за 2,5 години ги покачи платите за повеќе 21%.
Ако, пак, мислите на девалвација во односот учител – наставник, тогаш имајте доблест и прочитајте ги предложените реформи, без политичка оптовареност.
На крај, терминот тандем е непознат за ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи тие секогаш играат соло, спротивни на интересите на граѓаните и на државата.
You must be logged in to post a comment Login