Сандра Булок и Бред Пит за прв пат заедно на филмското платно

Иако се пријатели веќе неколку децении, актерката Сандра Булок и актерот Бред Пит никогаш претходно не глумеле заедно во ист филм.

Новото остварување на Sony, филмот Bullet Train, би требало да го промени тој факт, па зад камерите, на исто платно да застанат погореспоменатите оскаровци. Станува збор за акционен филм базиран на романот Maria Beetle, дело на јапонскиот писател Которо Исака.

Режијата на филмот треба да ја потпише Дејвид Лич (Deadpool, John Wick) а покрај Сандра Булок и Бред Пит ќе се појават и  Џои Кинг, Ерон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Логан Лерман и други.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР