Германија ќе ги продолжи сегашните ограничувања против коронавирусот до 7 март.
Целта е да се намали ширењето на епидемијата и да им се овозможи на областите да отворат училишта доколку дозволат локалните санитарни услови, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по виртуелната средба со водачите на германските провинции, пренесоа светските агенции.
Продавниците за храна, рестораните, кафулињата, музеите или спортските објекти ќе останат затворени поради ширењето на вирусот. Сепак, фризерските салони ќе можат да ги отворат вратите на 1 март, со строги хигиенски мерки.
Понатамошни чекори за олабавување на мерките ќе бидат преземени само ако бројот на нови случаи е стабилен под 35 на 100.000 луѓе во рок од 7 дена.
You must be logged in to post a comment Login