Заев: Како дел од моќното НАТО семејство, Македонија стана фактор за стабилност во регионот

Како дел од моќното НАТО семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина.

Сите ние, заедно, со поглед напред ја обезбедивме македонската иднина, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор.

-На денешен ден 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020, му припадна честа, во името на сите нивни претходници во пратеничките клупи, во името на сите граѓани, да го ратификуваат Договорот за пристапување на Македонија во НАТО. На јарболот пред Парламентот беше кренато знамето на НАТО на 30-тата земја-членка на НАТО, пишува премиерот.

Според премиерот, демократското мнозинство постигнало пресврт, кога за неполни две години после 27 април 2017 година, во истото Собрание застапниците на мракот и на политичкото насилие, оние кои сакаа моќ за своја лична корист, со насилство се обидоа да ги запрат демократските и прогресивните политички сили, поддржани од огромното мнозинство граѓани.

-Со поразот на тие политички структури, креатори на „заробената” држава, излеговме од длабоката политичка криза и државата ја вративме на патот по кој чекорат сите развиени демократски држави. Со тоа се афирмираше мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, за граѓанска, демократска република, земја на можности за сите свои граѓани, пишува Заев на Фејсбук.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР