Мал телефон, голем неуспех: Што се случува со еден од моделите iPhone 12?


Apple минатата година го претстави iPhone 12 Mini, со надеж дека ќе привлече корисници кои сакаат телефони со мали екрани. Сепак, производството на овој модел можно е да престане поради лошата продажба.

Вилијам Јанг, аналитичар во JP Morgan, неодамна изјави дека можно е Apple да го намали производството на iPhone 12 Mini за дури 11 милиони единици во првиот квартал од 2021 година, а во вториот квартал е можно целосно да го запре производството, известува порталот The Next Web.

Од друга страна, Јанг верува дека производството на моделите iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max ќе се зголеми во првата половина на оваа година.

Во извештајот на аналитичката компанија CIRP за периодот октомври-ноември 2020 година, iPhone 12 Mini учествуваше со само 6% во вкупната продажба што ја оствари Apple. Сепак, ова не е толку релевантно, бидејќи стана достапен за продажба дури во ноември.

Apple веќе има „мал“ телефон, односно компактна верзија, во форма на моделот iPhone SE. Дури и ако видиме четири модели на iPhone 13 оваа година, верзијата „Mini“ најверојатно ќе одмори барем неколку години.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР