Меркел ги призна грешките во борбата против пандемијата: Беше бавно и лошо

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги бранела досега преземените мерки во борбата против коронавирусот и ја отвори можноста за бавно враќање на нормално функционирање на општеството, признавајќи ги грешки по првиот бран на пандемијата.

„Сметам дека промената на курсот, малку отворање, малку затворање, не носи повеќе од неколку дополнителни денови трпеливост“, рече Ангела Меркел, обраќајќи им се на пратениците во Бундестагот и образложувајќи ја сегашната политика за борба против коронавирусот.

Таа ја бранела вчерашната одлука за продолжување на мерките за затворање до 7 март и покрај постојаниот пад на бројот на новоинфицирани, наведувајќи ја опасноста од мутирање на вирусот.

“Мора да очекуваме дека мутираните соеви на вирусот ќе се прошират многу брзо. Мутантите се навистина реална опасност”, рече Меркел.

Германската канцеларка ги призна грешките во борбата против ширењето на вирусот по првиот бран, кој Германија, како што рече Меркел, „добро го издржа“.

„После тоа, ние не постапивме доволно добро и доволно брзо и ги игнориравме предупредувањата на експертите“, рече канцеларката.

Вчера, на состанокот на раководството на федералните и покраинските влади, било одлучено да се продолжат мерките за затворање до 7 март. Единствен исклучок се фризерските салони на кои им е дозволено да започнат со работа на 1 март.

Правилото за максимално ограничување на приватните контакти сè уште важи, односно дека едно лице од едно домаќинство може да контактира само со едно лице од друго.

Меркел ја бранела и одлуката на Бундестагот според која отворањето на малопродажните, угостителските, спортските и културните објекти може да следи само со стабилна седумдневна инциденца под 35 новоинфицирани на 100.000 жители.

Инциденцата во Германија постојано се намалува и денебска изнесува 62.

Опозицијата жестоко ги критикувала новите мерки како „безидејни“.

И една година по избувнувањето на пандемијата, владата не предлага ништо повеќе од „Ајде да останеме дома“. Безидејно е и сигурно постои одредена алтернатива за овој концепт “, рече претседателот на опозициската Либерално-демократска партија Кристијан Линднер.

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) ја обвинува германската влада за кршење на Уставот.

“Она што владата го практикува е неуставно. Владата спроведува погрешна политика на принуда и забрана”, рече претседателката на парламентарната група на АфД, Алис Вајдел.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР