Официјално: Нејмар не игра против Барселона

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар ќе го пропушти првиот дуел во осминафиналето од Лигата на шампиони против Барселона.

Натпреварот против неговиот поранешен клуб се игра следната недела, а Нејмар се повреди вчера на натпреварот против Каен.

Еминентниот весник „Екип“ потврди дека денес Бразилецот бил на детални лекарски прегледи кои покажале дека има повреда од втор степен на адукторот.

Тоа значи дека Нејмар со сигурност ќе го пропушти првениот дуел со Барселона, а е под знак прашалник и за реваншот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР