Пратеници бараат казна од 1.000 евра за кршење на редот во Бундестагот

Владејачката ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) бараат нови казни за пратениците во германскиот Бундестаг, кои ќе го нарушат редот и достоинството на Парламентот.

Тие со ова реагираат на акцијата на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) од крајот на минатата година, кога пратениците на партијата во Бундестагот внесоа „антикоронаши” и теоретичари на заговори, кои упаднаа во канцеларијата на пратениците и го нападнаа министерот за економија, Питер Алтмаер.

Тоа се случи во ноември кога се дискутираше за третиот закон за заштита на граѓаните, кој е правна основа за мерки за помош во корона-кризата.

Во иднина, пратениците што го нарушуваат редот и достоинството на Бундестагот, односно постапуваат против „куќниот ред”, треба да бидат казнети со 1.000 евра, а ако тоа се случи повторно, со 2.000 евра, па дури и еден месец исклучување од седниците.

Според нив, претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, треба да добие овластување да ги казнува пратениците кои не го почитуваат редот и достоинството на парламентот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР