Реализирани над 50 проекти од 2017-та до денес во општина Крушево

Во периодот од ноември 2017 до крајот на 2020 година општина Крушево реализирала над 50 проекти на територија на цела општина.

„Правевме една ретроспектива на сработеното и планови за годината што е пред нас. Дојдовме до заклучок дека сме реализирале повеќе од 50 проекти на цела територија на општината од повеќе области. Овие податоци само покажуваат дека сме посветени на нашата работа, свесни сме за приоритетите и работиме во консултација со граѓаните. Ќе продолжиме и понатаму“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Опфатени се проекти од патна инфраструктура, водоводи, канализации, набавка на опрема, туристичка инфраструктура, проекти кои се однесуваат на деца и млади и друго.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР