ПИК Сегед доаѓа на гости кај Вардар полн со самодоверба

Унгарскиот ПИК Сегед е следен противник на Вардар во групата од ракометната Лигата на шампионите. Пред дуелот во Скопје, унгарскиот тим оставри домашна победа против Порто на Никола Митревски со 35:31 и со самодоверба ќе им излезе на мегдан на „црвено-црните“. Најефикасен игра на овој дуел беше домашниот играч Калман со седум гола, пред Банхиди, Радивојевиќ и Кашпарек кои го завршија мечот со по шет гола, додека кај Порто за кого македонскиот репрезентативен голман Митревски спаси седум удари кон голкот, најефикасен беше Соуза со шест гола.

Изненадувањето на денот го приреди белорускиот Мешков Брест, кој дома го совлада полскиот  Кјелце со 35:30. Избраниците на Талант Душебаев иако беа лидери во групата и фаворити не ги оправдаа очекувањата во Белорусија. Поранешниот варадаров играч. словенечкиот интеранционалец Сташ Скубе со седум погодоци беше предводникот на Мешков Брест во триумфот.

Барселона славеше на гости кај ППД Загреб со 37:33 и ја продолжи доминацијата во Лигата на шампионите, со единаесет победи од исто толку натпревари. Веспрем пак по двата порази од Барселона славеше во дуелот со Целје со 29:25.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР