Поплави во северна Албанија: Под вода 5.400 хектари земјиште и 200 домови

Обилните и интензивни дождови во изминатите денови дополнително ја влошија состојбата со поплавите во северниот дел на Албанија, посебно во регионот на Скадар.

Првиот човек на дирекцијата за цивилна заштита, Хаки Чако, во телефонска врска за Њуз 24 изјави дека ситуацијата во регионот на Скадар е влошена.

– Зголемено е нивото на реките Буна и Црн Дрим, како и на Скадарско Езеро, кои на повеќе места се излеани што предизвика поплава на живеалишта и големи површини земјоделско земјите во подскадарскиот регион, во областа Дајч, Ан е Малит. За среќа во поплавените куќи нема блокирани граѓани. Сите сили се во состојба на готовност, да им се помогнеме на жителите од поплавените подрачја, рече Чако.

За да се намали опасноста од поголеми поплави Чако рече дека надлежните донесле одлука Хидроелектраните да ги намалат количините на испуштена вода сè додека не се подобри состојбата.

– На теренот се припадници на вооружените сили, регионалните дирекции за заштита и спасување, полицијата, да им се помогне на жителите. Чекаме да се намали нивото на водата и тогаш штетите ќе бидат проценети и компензирани. Се надеваме дека ниските температури кои се најавени ќе помогнат во повлекување на водата, изјави Чако.

Моментно, под вода се најмалку 5.400 хектари земјоделско земјиште, вода има во повеќе населби во Скадар и други пет административни единици. Повеќе од 200 куќи се под вода а 500 други се опколени од водата, додека во одделни делови водата достигнува три метри над земјоделското земјиште.

Евакуирани се 15 семејства а поради зголемувањето на нивото на водата се најавува евакуација и на други семејства.

Претседателот Илир Мета и градоначалничката на Скадар, Волтана Адеми побараа прогласување вонредна состојба.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР