Блинкен: САД сакаат да го зајакнат договорот на светските сили со Техеран

Соединетите Американски Држави ќе се обидат да го зајакнат и прошират договорот меѓу светските сили и Иран за сузбивање на иранската нуклеарна програма, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен на Конференцијата за разоружување, спонзорирана од Обединетите нации во Женева, рече дека САД, соработувајќи со сојузниците, ќе се обидат да го прошират и зајакнат заедничкиот сеопфатен план за акција и ќе се осврнат на други важни области, вклучително и однесувањето на Иран што го дестабилизира регионот, но и развој и ширење на балистички ракети.

Тој додаде дека Иран мора да се придржува до договорот што го склучи со Меѓународната агенција, но и неговите меѓународни обврски.

You must be logged in to post a comment Login