„Не поминува ден без колегите да разговараат и да решат одредени проблеми“, рече Путин на состанокот во Сочи.
Двајцата претседатели потоа отидоа на скијање.
Врз основа на емитуваното на телевизија, тема на разговор не биле протестите во Белорусија. Аналитичарите очекувале Путин да го покрене прашањето за судењето на истакнатиот опозициски лидер Виктор Бабариков, кој бил шеф на Гаспромбанк во Белорусија.
Лукашенко и Путин последен пат се состанале во септември минатата година, еден месец по претседателските избори во Белорусија, за кои многумина сметаат дека се наместени, што ги предизвика тековните масовни протести.
Путин тогаш му даде на Лукашенко милијарди долари заеми, а лидерот на Кремљ сега смета дека соработката меѓу двете економии е поважна од „директната финансиска помош“ на Москва.
Русија изврши притисок врз Лукашенко, кој ЕУ повеќе не го признава како претседател, да го измени уставот на земјата.
You must be logged in to post a comment Login