Кузмановски и официјално прекомандуван во првиот тим на Е. Пелистер

Младиот ракометар Цветан Кузманоски денеска и официјално беше претставен како нов член на тимот на Еурофарм Пелистер. Тој доаѓа од вториот тим на Е. Пелистер и потпиша договор на три и пол сезони.

– Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи. Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим – изјави  Цветановски.

 

You must be logged in to post a comment Login