Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави одлуката за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Минатата недела цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 1 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денар/литар.

За 1,5  денари се зголеми и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство.

You must be logged in to post a comment Login