Премиерлигашите ќе одат во карантин по секое напуштање на Англија

Фудбалерите во Премиер лигата се соочуваат со десетдневен карантин по секое патување надвор од Англија.
Оваа одлука, вчера ја донесе англиската влада, а претходно не беше задолжителна изолацијата.

Екипите кои играат во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа, немаше потреба да одат во изолација, но од денеска ниту фудбалерите не се исклучок од новата одлука која ја донесе Владата.

Порај тоа, фудбалерите кои ќе патуваат на натпреварите на своите репрезентации ќе мораат постојано да бидат во карантин, нема да смеат да излегуваат и да имаат контакти со останатите репрезентативци.

По враќањето во Англија, доколку нивните тестови бидат негативни на коронавирус, ќе заминат во петдневен карантин, а во случај на позитивен резултат, тие десет дена нема да смеат да ги напуштат своите домови.

You must be logged in to post a comment Login