Сашо Мијалков се бара со национална потерница

По налог на Кривичниот суд, распишана е национална потерница за пронаоѓање на ексдиректорот на УБК и првоосомничен во предметот „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков. За ова извести и Министерство за внатрешни работи кое ги контролира сите објекти кои се поврзуваат со Мијалков.

„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, информираа од МВР.

 

 

Инаку, мерката куќен притвор и 24 надзор од полиција, но и видео-надзор, на Мијалков му била одредена вчера во 15 часот. Ваква одлука донел Кривичниот суд откако Бирото за јавна безбедност ги известило дека има сомневање дека Мијалков ќе избега.

Од утрово, како и во текот на вечерта, се контролираат куќата на Мијалков која се наоѓа на Водно, неговото поранешно престојувалиште во Капиштец, како и хотелот „Мериот“ каде веќе издржуваше мерка куќен притвор.

You must be logged in to post a comment Login