Шеста ноќ по ред судир полицијата и демонстрантите во Барселона

Демонстрантите фрлаа шишиња, камења и канти со ѓубре врз полицијата во Барселона во текот на шестата ноќ на судирот по апсењето на музичарот Пабло Хасел, поради навредување на шпанската полиција во своите песни, пишува српски Блиц.

„Не научивте дека е бескорисно да бидеме мирни“, пишуваше на еден транспарент кој го носеа демонстрантите.

Полицијата на Каталонија соопшти дека се уапсени пет лица поради грабеж на продавница и дека е повреден еден полицаец. Според податоците н полицијата околу илјада демонстранти се собрале во градот.

You must be logged in to post a comment Login