Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека до есен земјата ќе има своја вакцина против коронавирусот.

„Веќе има три регистрирани вакцини и сè е уште во развој. И ние одиме на овој начин. Вакцината ќе ја добиеме до есен, имаме експерти“, рече Лукашенко на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.

Лукашенко додаде дека Белорусија сега активно купува вакцини од Руската Федерација.

Белорусија е првата странска земја што официјално ја регистрираше вакцината „спутник В“.

You must be logged in to post a comment Login