468 казни за неносење на маски

По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 468 прекршоци во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

You must be logged in to post a comment Login