Во Колумбија загинаа 11 луѓе во судир на вооружени банди

Најмалку 11 луѓе загина во судир на две вооружени банди во југозападниот дел на Колумбија за време на викендот, изјави синоќа колумбискиот министер за одбрана Дијего Молано.

Инцидентот се случил во руралната област во близина на градот Тумака, а помеѓу загинатите има и цивили.

Борците на Оливер Синистера (група поранешни припадници на Револуционерните вооружени сили на Колумбија – ФАРК) се судриле со членовите на групата Лос Контадерес, банда која се бори за превласт во областа, посочи Молано.

Во околината на Тумака има околу 9.700 хектари земјите насадено со кока, од кое годишно се произведуваат 75 тони кокаин.

Властите понудија награда од 56.000 американски долари за информации кои би довеле до апсење за водачите на групите.

You must be logged in to post a comment Login