Заев: Правдата е обезбедена, ќе ја има почесто

Премиерот Зоран Заев се огласи на својот профил на социјалните мрежи, тој напиша:
После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!

Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

You must be logged in to post a comment Login