Најмалото дете што користи дрога во Северна Македонија има само осум години

Најмалото дете што инјектира дрога во Северна Македонија има само осум години. Но, на уште помала возраст има деца што користат некаква психоактивна супстанција.

Ова се сознанијата до кои дошло Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, кое алармира дека во Северна Македонија нема начин како да се лекуваат малолетните деца.

Според ХОПС, бројот на малолетните деца што се зависни од дрога постојано се зголемува. Оттаму велат дека немаат точна евиденција колку деца се зависници, но дека во изминативе 10 години се сретнале со 85 малолетни деца што користат дрога и кои имаат здравствени проблеми, а дека во 2016 година се сретнале со седум нови малолетни зависници.

You must be logged in to post a comment Login