Прифатено барањето на превозниците дозволениот број патници да биде 75 отсто од возилата

Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барањето на група општински и меѓуопштински превозници да се зголеми дозволениот број патници од 50 на 75 отсто во превозните средства.

Оваа одлука е донесена на денешната редовна 47. седница.

Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата.

You must be logged in to post a comment Login