Рот: ЕУ треба да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, рече дека Европската Унија треба да ја преиспита идејата да им се даде поголема слобода за патување на оние кои се вакцинирани против Ковид-19, како и да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација (т.н. пасоши).

За време на министерскиот состанок на ЕУ во јануари, потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, ја навести можноста за воведување на „електронски сертификати за вакцинација“, додека самиот Михаел Рот во тоа време забележа дека е од витално значење да се утврди дали вакцинираните лица, сепак, можат да пренесат зараза на други лица.

Претходно денес  грчкиот министер за туризам Хари Теохарис ги повикал европските лидери брзо да ја прифатат идејата за сертификати за вакцинација, што ќе овозможи продолжување на патувањата.

You must be logged in to post a comment Login