Седумдесет отсто Израелци се вакцинирани со една доза

Тој на Твитер напиша дека 4,456 милиони луѓе ја примиле една доза од вакцината, од кои 3,076  милиони ја примиле и втората.
Неделава почнува еврејскиот празник Пурим, и министерот предупреди за можна „масовна зараза од планиираните прослави“.
Лани по овој празник имаше голем број заразени со коронавирусот, затоа властите сега се  претпазливи.
„Ќе воведеме ноќен полициски час во деновите на Пурим“, рече Еделштејн.
Викендов земјата почна да ги поттикнува луѓето да се вакцинираат против ковид-19, а податоците од министерството за здравство покажуваат дека вакцината на Фајзер и БиоНТек е ефиксна.

You must be logged in to post a comment Login