Според досегашните анализи на МВР, Мијалков се уште не е излезен од Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека ексдиректорот на тајната полиција се уште е во државата.
„Според сите наши анализи сметаме дека се уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Тоа е согласно сите анализи и проценки ако знаеме каде е ќе беше во притвор. Анализите и проценките се врз основа на потражните дејствија. Наша увереност е дека е во државата и се работи на негово пронаоѓање“, рече министерот Спасовски.
You must be logged in to post a comment Login