Тројца обвинети во ,,Монструм” добија доживотен затвор

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен. Вака заврши второто судење за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ се осудени за тероризам на доживотен затвор. Првите двајца се во бегство во Косово.

Хаки Азири е осуден на девет години затвор за помагање, а за исто кривично дело е осуден и Фејзи Азири кој доби 15 години затвор.

Сами Љута доби ослободителна пресуда поради немање докази за негова вмешаност во убиството.

You must be logged in to post a comment Login