Украина денес ја доби првата серија од 500.000 дози вакцина на „Астразенека“, што ѝ овозможува да почне со вакцинирање на граѓаните, почнувајќи од медицински работници и војниците.
Една од најсиромашните европски земји Украина заостанува во обезбедувањето вакцини за своите 41 милион жители, одбивајќи да ја купи вакцината „спутник В“ од Русија.
„Ќе започнеме со вакцинирање што е можно поскоро. Ние мора заедно да се бориме против ковид”, напиша претседателот Владимир Зеленски на „Твитер“.
Министерот за здравство, Максим Степанов, напиша на Фејсбук дека во тек е итно царинење на товарот и дека вакцината веднаш ќе замине во регионите.
Во Украина се регистрирани повеќе од 1,3 милион случаи на коронавирус и 25.309 починати од почетокот на пандемијата.
You must be logged in to post a comment Login