Колумна: И некрофилијата е болест. Лечете се!

Читам и иако првото прашања секогаш кога ќе прочитам лага ми е “дали сте нормални?” во 25 години новинарство и низ политичките води со годините изминати се почесто го имам иницијалниот одговор дека ненормалноста во основа ни станала дефиниција за политички фундамент на решавање на сосема трети [ често лични а почесто т.н. рејтинг ] проблеми.

Она пак што го читам последните 12 часа е некрофилија. Во класичен [ школски пример ] без преносно значење на поимот. И таа самата по себе е патолошка болест. И не често – но се лечи а секогаш кога имаме заболување во областа на психата таа прво се дијагностицира па третира.

Во случајов дијагнозата ја имаме – пациентот треба да се институционализира и пристапи кон тераписко третирање – кое [ за негова среќа а наша жал ] го правиме со седативирање кое го носи во волшебните светови на чудата – не дека некогаш имал допир со реалноста.

Не знам кој анал [ итичар ] а уште повеќе самонаречен “новинар” смислува мудри наслови за “wow” ефект но оној за колку Заев – Филипче [ гарант им требаа 35 минути за дилемата што му е име а што презиме на човеков ] и Петровска ни малку ни повеќе се “криви” за смртта на 17о битолчани при Клиничка болница во Битола?!

Како “криви”? Крива е Дрина! Мислите виновни? Оти тогаш сосема ми е јасно зошто Јустиција јадна ем бедна носи превез врз очите. Не е правдата слепа [ иако Јустиција носи превез од сосема друга причина ] ами се срами што се гледа и кој се станал нејзин проповедник.

Не разбрав дека пациент починал во скоро 2 години глобална Пандемија од политички мотив. Вие? Има нешто што не го знаеме? Ваква потреба за внимание не [ зло ] употребиле ни земјите од третиот свет иако по мотивот повеќе сте во рамките на средновековното владење кое за нас и не беше така далечна форма на “демократско” општествено уредување.

Срамота е политичка партија во опозиција која со својот Статут ги има поимите “Социјализам” – “Социјална” – “Социјални” – “Солидарност” да има толку патолошки [ пре ] носители на се повеќе толку извиканта идеологија. Срамота е.

Пациентите починуваат од инфективното заболување но не газете врз мртвите тела и тагата на семејствата за ефтино партиско профитерство на ситни политички поени оти Битола и битолчани [ толерантни по дифолт ] знаат да ви го исправат патот.

Не знам за пациент кој починал од КОВИД-19 а кој претходно имал “преглед” на партиска припадност? Знаете нешто?

Оти знам и дека Facebook “експертите” на кои се повикувате така ревносно не постојат. Полесно е така – нели! Секогаш по линија на помал отпор? Со криење!

Срамота е [ иако има процент и на тага ] што во ова време кое никој не го наметна со име и презиме – вие фаќате поени. За што? Апсолутно за ништо. Никаков ќар!

Само кога имате обид да навредите лекар во време на Пандемија знам едно нешто – ги навредувате сите.

Ни Заев ни Венко [ иако е лекар по професија ] ни Петровска како носители на општествено политички функции не се тие за кои вашата некрофилија била “наменета” ами ни повеќе ни помалку туку директно за здравствените работници кои кога ќе го стават белиот мантил па скафандерот и трилионот додатни заштити апсолутно сум сигурен дека при прием на пациент не помислиле за неговата партиска припадност.

Вие на тоа постојано мислите? Болест!

Хипократовата заклетва не е текст ами тест. И не само лекарски ами на човештвото. Но вие маестрално сте постојано на грешната страна на историјата на светот – па како и на почетокот – така и на крајот.

Барем тие одделенија деновиве се [по]слободни – лечете се!

You must be logged in to post a comment Login