Пронајдени бактeрии непознати за човечкиот имунолошки систем

Бактериите што научниците ги собраа на четири километри под површината на Тихиот Океан се толку туѓи за човечкото тело што всушност се невидливи за нашиот имунолошки систем.

Ова откритие е во целосна спротивност со еден од главните принципи на имунологијата – дека човечкиот имунолошки систем еволуирал така што може да ги регистрира сите микроби.

„Идејата беше нашиот имунолошки систем да обезбеди општ отпор и да не се грижи дали нешто претставува закана или не. Сепак, никој досега не ја тестирал таа претпоставка“, изјави за Live Science имунологот Џонатан Каган од Детската болница во Бостон.

Собирале бактерии со подморница

За да ја тестираат оваа веќе прифатена хипотеза, експертите мораа да пронајдат бактерии за кои веројатно досега немале контакт со имунолошкиот систем на цицачите, па морале да нурнат длабоко во Тихиот Океан.

„Не баравме само на големи длабочини, туку и на подрачјето на Тихиот Океан, кое е најзаштитено и најоддалечено“, објасни морскиот екологист Ренди Рохан од Универзитетот во Бостон.

„На длабочина од 4.000 метри, нема цицачи, и ова е екваторијална област каде што нема китови. Беше добро место да се бараат бактерии кои се сосема различни од оние што ги среќаваме на копно“, додаде тој.

Научниците со помош на подморница со далечинско управување собрале морски бактерии од примероци вода, сунѓери, морски ѕвезди и седименти. После тоа, 117 пронајдени соеви на бактерии биле пропагирани во лабораторија.

Невидливи за нашиот имунолошки систем

Откако ги проучиле нивните карактеристики, тие вовеле 50 соеви во имуните клетки на глувците и луѓето. На нивно изненадување, тие открија дека 80% од микробите, претежно припадници на видот Moritella, се целосно невидливи за имунолошкиот систем.

Имено, рецепторите на имуните клетки на коскената срж кај цицачите кои се користат во студијата, воопшто не ги регистрирале овие микроби.

Позитивната страна на приказната – бактериите не се опасни за луѓето

За среќа, овие бактерии од длабокиот океан не претставуваат опасност за човечкото тело.

„Прво, тие не еволуирале за да избегнат одговор на имуниот систем на цицачите, па ако имаше каква било патогеност, тоа ќе беше случајно. Друга причина зошто многу веројатно не се работи за бактерии опасни за нас е температурата, притисокот и хемиската околина во нашето тело, што е многу различно од она што го гледате на дното на океанот. Овие бактерии не би преживеале долго надвор од нивното природно живеалиште“, рече Рохан.

You must be logged in to post a comment Login