Бесплатен паркинг и влезници, попусти во кафани и хотели за српските туристи во Македонија

Бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини за српските туристи кои ќе дојдат во земјава.

Ова го предлага директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски како благодарност за помошта што Србија ѝ ја даде на земјава во вакцини и можноста нашите граѓани да се вакцинираат во Србија.

Тој на својот фејсбук-профил ги повика туристичко-угостителскиот сектор и општините да ги овозможат овие попусти за српските туристи.

Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат одредени атракции. Многупати сум потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји. Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време – невреме кое се надвиснало над сите, а мислата на мајка Тереза да не води напред. Не сме сите створени да правиме големи работи.

You must be logged in to post a comment Login