„Yahoo Answers“ заминува во историјата

Една цела интернет-ера се затвора на 4 мај оваа година. „Yahoo Answers“ е едно катче во сајбер-просторот, кое беше замислено како форум за поставување прашања и добивање адекватни одговори од други корисници.

Но, за брзо време се претвори во место каде се поставуваа можеби најсмешните прашања некогаш објавени онлајн, како и одговорите кои луѓето ги добиваа. „Yahoo Answers“ е еден од најдолготрајните сервиси за прашања и одговори, но за жал (а можеби и за среќа), сите архиви веќе нема да бидат достапни.

 

 

Овој сервис многупати бил цел на критики бидејќи никој не преземал одговорност за содржините кои биле објавувани, а многу од нив беа алармантно погрешни, особено здравствените совети. Од Јаху не наведуваат значајни причини зошто се решиле на ваков потег, со оглед на тоа што имаат активна заедница веќе 16 години. Тие само нагласиле дека сакаат да се посветат на посовремени продукти и сервиси.

Регистрираните корисници можат да симнат архива од нивните прашања и одговори до 4 мај.

Според Јаху, постојат многу порелевантни извори каде корисниците можат да најдат информации за она што ги интересира, па веќе нема потреба да го одржуваат овој сервис.

You must be logged in to post a comment Login