Во Унгарија вакцинирани 2.5 милиони жители, се ублажуваат мерките

Унгарија им дозволи на лицата кои пружаат услуги кои подразбираат близок контакт, како фризери или козметичари, повторно да ги отворат своите салони.

Ублажени се и неколку други мерки против коронавирусот откако во таа средноевропска земја е постигнат напредок во сузбивање на новата зараза и вакцинирањето на жителите.

Полицискиот час во Унгарија сега започнува во 22:00 наместо во 20:00 часот и трае до 5 наутро.

Меѓутоа, рестораните се и понатаму затворени за јадење внатре, а во хотелите можат да престојуваат само деловни патници.

Министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер, издаде одлука за новите правила.

Таа се однесува на претходната уредна на премиерот Виктор ОРбан, кој рекол дека ќе дојде до постепено отворање во моментот кога 2.5 милиони луѓе ќе ја примат барем првата доза од вакцината против Ковид-19.

Унгарија тој праг го гостигна во вторник, што значи дека повеќе од 25 отсто од луѓето примиле барем една доза.

 

You must be logged in to post a comment Login